| четврток, 6 декември 2018 |

Кисинџер: Без дипломатија можно е да се врати студената војна

Доколку Русија и НАТО не ги разгледаат сериозните дипломатски опции за решавање на украинската криза, можно е враќање на студената војна, предупреди поранешниот американски секретар Хенри Кисинџер во интервју за Би­-Би­-Си.

Тој посочи дека на почетокот на украинската криза флексибилна дипломатија можеше да ја спречи катастрофата и да биде заштитен поголем дел од украинската територија. ­

-Во овој момент клучнп е НАТО и Русија сериозно да ги разгледаат дипломатските опции или многу веројатно е дека не чека враќање на студената војна, истакна Кисинџер.

Тој посочи дека Северноатлантската алијанса морад а развие кохерентна стратегија за одбрана и заштита на своите членки. ­

-НАТО мора да развива воени капацитети кои можат да одговорат на опасноста со која се соочуваат, наведе Кисинџер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top