| четврток, 6 декември 2018 |

Хенри Кисинџер: Трамп e уникатeн и независен лидер на САД

henri

Победникот на претседателските избори во САД, Доналд Трамп, е „најуникатниот“ и „независен од секакви групи“ лидер на САД, рече Хенри Кисинџер.

Ова го изјави поранешниот државен секретар во интервју за Фарид Закарија на СиЕнЕн.

– Тој нема обврски кон ниедна група, бидејќи победи благодарение на сопствената стратегија, посочи Кисинџер, кој ја завземаше функцијата државен секретар во администрацијата на претседателот Ричард Никсон (1969-1974 година).

– Според мене треба да му дадеме можност да се стреми кон позитивни цели, какви можеби има во неговата програма и да ги разгледува. Десетици години сме ги раскинувале на парчиња важечките администрации. Така може да случи и овој пат, но не треба да почнуваме на тој начин, додаде Нобеловиот лауреат.

На 17 ноември во Њујорк, Кисинџер разговарал со Трамп за односите на САД со Русија и други земји.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top