На почетокот на февруари странските медиуми се распишаа за новата убавица со која Леонардо ди Каприо (38) е во врска. „Д сан“ сега пишува дека косовската убавица Афердита ја прекинала врската со својот вереник откако е фотографирана како во Мајами се сонча со актерот.
Требаше да се венча со Шпати Касапи, албански пејач.
– Слушнав дека венчавката е откажана. Наводно до тоа дошло поради нејзиното пријателство со Леонардо ди Каприо – тврди изворот. Пред Афердита, Леонардо ја прекина неговата кратка врска со Ангелот на Викторија, Ерин Хетертон.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.