| четврток, 6 декември 2018 |

Џихадистите од ИД разурнале христијански храм во ирачкиот град Мосул

мосул

Борци на терористичката организација Исламска држава го кренале во воздух христијанскиот храм „Георги Победоносец“ во ирачкиот град Мосул, сооошти ТВ каналот „Скај њуз Арабија“, цитиран од ТАСС.

Црквата беше еден од најголемите и најпочитувани верски објекти меѓу христијанската заедница во Мосул.

Сквернавењето на верскиот објект било извршено  вчера.

Заедно со него џихадистите разурнале и неколку станбени згради и помошни објекти наменети за разделување добротворна помош.

Засега нема сведоштва за тоа дали се оштетени и христијанските гробишта што се наоѓале во близина на црквата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top