| четврток, 6 декември 2018 |

Домашните екипи сакаат реприза од ланското издание на ЛШ

Само две екипи во реванш осминафиналните натпревари од Лигата на шампионите ќе атакуваат на анулирање на негативата од првите дуели, а во потрага по гол повеќе ќе бидат Борусија Дортмунд на „Идуна Сигнап Парк“ против Јувентус и Атлетико Мадрид на „Висенте Калдерон“ против Баер Леверкузен.

Старата дама од Торино со предност од 2-1 патува во Дортмунд, а фармацевтите од Леверкузен се надеваат дека имаат квалитет да ја одбранат предноста од 1-0 во реваншот против шпанскиот првак Атлетико.

Тие два меча се на програмата идната седмица, а денеска со дуелите во Порто и во Мадрид почнуваат реваншите од осминафиналето во елитното натпреварување.

FC Porto vs Athletic Bilbao

Порто ќе му биде домаќин на Базел, а дуелот стартува со швајцарските 1-1, додека актуелниот европски првак Реал има сигурна предност од 2-0 против Шалке 04. Ако вечерва домашните екипи успеат да се пласираат понатаму, тоа ќе биде најава за реприза од ланската сезона во ЛШ, кога се случи вистински раритет. Сите 8 екипи што беа домаќини во реваншите се пласираа во четвртфиналето, што му дава особено значење на развојот на настаните во фазата по групи. Во тој сегмент е мошне важно да се биде подобропласиран од ривалот во осминафиналето, за да се игра реваншот на свој терен.

Во последните десет сезони, клубовите што во осминафиналето го играле реваншот дома, со 72 проценти сигурност се пласирале во четвртфиналето. Или од 88 натпревари што се одиграле вкупно, предноста на домашен терен во реваншот ја искористиле 63 екипи, за да се најдат меѓу осумтте најдобри во Лигата на шампионите.

Од 20,45 часот вечерва Порто и Реал Мадрид се фаворити, имаат добри резултати од првите натпревари и веројатноста е голема дека тој тренд ќе продолжи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top