Фудбалерите на Лацио вчера во рамките на 26. коло од Серија А беа убедливи против Фјорентина победувајќи на домашен терен со 4-0.
Серијата на „Олимпико“ ја отвори Билја уште во шестата минута, а останатите три гола беа постигнати во второто полувреме. Најпрвин Кандрева во 65. минута зголеми на 2-0, а до крајот на мечот ветеранот Мирослав Клосе со двата гола го постави конечниот резултат.
Ова беше четврта победа на лацијалите во низа и се вмешаа во борбата за третото место на табелата кое води во квалификациите за Лигата на шампионите. Сега Лацио има 46 бода, колку што има и Наполи.
Lazio vs Fiorentina 4-0 All Goals and Full… by enteritament
Актуелниот шампион на Италија, Јувентус со новата победа над Сасуоло се одлепи на +11 бода на табелата и со сигурност граби кон нова титула.
„Старата дама“ се мачеше со Сасуоло во текот на целиот натпревар и тешко доаѓаше до гол-шанса. Пол Погба беше човекот на одлука како многупати досега во текот на сезоната и со прекрасен волеј удар во 83. минута го совлада голманот на Сасуоло.
Juventus vs Sassuolo 1-0 All Goals & Full… by EarthSavi
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)