-Нивната цел е народот да се умори од ваквата ситуација и да се исфрустрира. Тие вртат терен од правна на политичка разрешница, планираат потоа да се договараат и да дојде до предвремени парламентарни избори. Се залагаат странци да ни ја оправат државата, бидејќи нивна цел е да докажат дека Макеоднија не е способна да одржи сопствена држава – рече Велиновска.
Новинарката очекува доколку ова не им успее на СДСМ да го вклучат и албанскиот фактор, кој досега им бил исклучен од целата игра.
-За лудаци нема да гинеме, аферата ќе заврши на суд, но треба да се судат сите, до инспираторот. Сега СДСМ пуштаат само обични разговори, но она за што е потребен одговор и разрешница е да се дознае кој, што и како планирал – рече Велиновска.
Таа им порача на граѓаните да ги отворат очите и ушите за да го видат и чујат реалното, а не она што другите од нив сакаат да го видат и чујат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Велиновска: Овој вторник ги исплаши до коска сите кои мислат дека овде живеат диви луѓе со малку памет и ич самопочит и интегритет
-
ГДОМ Струмица: Господинот „чесен“ што нуди „живот“, Заев, да одговори на неколку прашања (видео)
-
ГРОМ: Заев да им се извини на македонските граѓани за дрските лаги дека во Македонија има 500.000 фантоми (видео)
-
Јовановски: Секој вистински Македонец треба со љубов да ја брани татковината