| четврток, 6 декември 2018 |

МВР апелира: Да не се објавуваат снимки на ЈуТјуб

 

 иво

-МВР aпелира да не се објавуваат снимки на „ЈуТјуб“ кои можат да бидат искористени во понатамошна постапка. Но, се прашува и се пишува само за овие снимки. Зошто не се пишува за снимките што ги објавува Заев? Погледнете го членот 151 од кривичниот закон, објавува приватни разговори – вели портпаролот на МВР, Иво Котевски.
На прашањето дали МВР презема нешто во однос на снимките, Котевски одговорил: „Сè што треба“.
Тој информирал дека МВР постапува по сите наредби на Јавното обвинителство, и се обратиле до „ЈуТјуб“ и снимките биле тргнати.
– Но, најдобро е да си се јавите до „ЈуТјуб“ и да прашате. Тоа е приватна компанија и МВР нема надлежност над нив – одговара Котевски на прашањето дали МВР побарало од „ЈуТјуб“ да ги тргне снимките од „тајните средби“ меѓу Груевски и Заев.
Во јавноста протекоа неколку видеа од средбите Груевски-Заев, за кои Премиерот лично рече дека биле направени под посебни истражни мерки по негово барање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top