Документи од швајцарската филијала на банката ХСБЦ, до кои дошла група меѓународни новинари, покажуваат дека сопругата на Светозар Маровиќ, поранешниот претседател на Србија и Црна Гора, имала 3,8 милиони долари на сметка во банката во 2006-2007 година, пишува белградскиот весник „Блиц“.
Во својата имотна изјава Маровиќ не го наведува тоа, а во 2006 година пријавил само стан, семејна куќа и земјиште, бизнис згради во сопственост на неговата жена, автомобил на неговата ќерка, уметнички слики и библиотека со 4.200 книги, пишува белградскиот весник.
Црногорскиот весник „Дан“ минатата година објави дека државното обвинителство ги сослушало Маровиќ за потеклото на неговиот имот. Обвинителството, објави дека против Маровиќ не се води истрага.
Меѓу останатите клиенти на банката ХСБЦ се членови на кралски семејства, политичари, јавни личности и бизнисмени од над 200 држави. Документите содржат податоци за сметки на над 80 клинети од територијата на поранешна Југославија. Сметката на Ѓорѓина Маровиќ е една од најголемите на политичари и службеници од регионот, пишува весникот „Блиц“.
Светозар Маровиќ и неговиот 31-годишен син Милош имале пристап до сметката, се наведува во документите. Сметката била отворена на 6 февруари 1998 година. Познато е дека максималниот износ на депозитот за 2006/2007 година е 3,8 милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Маж уапсен бидејќи појадувал со жена (ФОТО)
-
Охриѓанец е осомничен за вчерашното убиство во Велгошти
-
Монструозно насилство утринава во Тетово: Маж ја прободел својата вонбрачна жена во градите, вратот, грбот и дланките