| четврток, 6 декември 2018 |

Шарл Паскуа предлага изолација на исламистите на пуст остров

Шарл Паскуа, актуелен сентатор, припадник на отпорот во Втората светска војна и повеќе пати министер за внатрешни работи на Франција, е познат дека не знае да молчи.

Тоа го потврди уште еднаш, кога во интервју за францускиот телевизиски канал Франс 2, изјави дека е подобро да се изолираат радикалните исламисти кои одлежуваат казна затвор на еден пуст остров, отколку во самите затвори, пренесува дописникот на МИА од Париз.

Со други зборови враќање на старата казнена мерка која долго време се применуваше во Франција, со испраќање на робија на тешките злосторници на пусти острови. Шарл Паскуа реагираше на најавата за реформа на антитерористичката борба во затворските средини.

-Разбрав дека ќе се соберат сите затвореници, опасни исламисти на исто место Браво! А каде е тоа место? На тлото на Франција? Не, тоа не е сериозно!“ – рече Паскуа.

Имено во планот на француската влада е предвидено опасните исламисти кои одлежуваат казна затвор, да бидат во изолирани затворски ќелии. Поранешниот прв полицаец, сега на возраст од 87 години, ја осуди позицијата на владата.

Запрашан дали тој се залага за еден вид Гвантаманамо на француски начин, Шарл Паскуа одговори:

-Да се стават на еден остров, да се стават далеку, се разбира!“, при што додаде на сметка на премиерот: „Ако не се сака да се преземат извесен број на мерки, тогаш треба да се препушти раката. Не треба да се остане на власт“.

Ова не е првпат да се слушне од француски политичар предлог за враќање на овај вид на казнена мерка, со испраќање на робија на пуст остров на опасните исламисти.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top