Косовскиот премиер Иса Мустафа, кој престојува во првата официјална посета на Албанија, денеска во Тирана се сретна со албанскиот премиер Еди Рама и други официјални претставници на оваа соседна земја.
Албанскиот премиер истакна дека билатералните односи меѓу Албанија и Косово се на одлично ниво и додаде дека таа соработка е стратешки важна за сите Албанци во регионот.
Рама, исто така, кажа дека властите во двете земји работат на воспоставувањето заеднички и единствен економски и енергетски пазар, односно потсети дека на 23 март ќе се одржи заедничката седница на владите на двете земји, кога ќе се потпишат и низа билатерални договори.
Мустафа, од своја страна, истакна дека за Косово е многу важна поддршката што Албанија ја дава во процесот на интеграција во меѓународните институции и порача дека ќе продолжи да работи на унапредувањето и интензивирањето на партнерските односи.
Заедно со косовскиот премиер, во посета на Албанија се наоѓа и неговиот заменик и шеф на косовската дипломатија Хашим Тачи.
Мустафа се сретна и со албанскиот претседател Бујар Нишани, шефот на албанскиот Парламент, Илир Мета, и лидерот на албанската опозиција Љуљзим Баша.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Органите на Приштина на Север од денеска не постојат: Протести во Митровица, градоначалниците поднесоа оставки!
-
Милионски штети: Србија пресмета колку ќе изгуби поради блокираната трговија со Косово
-
Рама гаѓан со чевел: Го нападнале демонстранти, полицијата спречила поголем инцидент (Видео)
-
Се одмаздуваат на Србија: Косово воведува 100 проценти царина на српската роба



