Во Македонија вчера се одбележа Меѓународникот ден на жената – 8 Март. Ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите. По тој повод, Интернационалната градинка „Пиколини“, заедно со своите најмали, реши да ги изненади мајките со еден интересен гест, кој ги остави без зборови. Имено, дечињата за овој ден изработија најразлични цртежи за своите мајки, кои им ги покажаа преку „Скајп“. Сето тоа, документирано во едно видео, вчера беше објавено на „Јутјуб“.
– Меѓународниот ден на жената се прославува секоја година на 8 март. Тоа е ден за меѓународно признание на економските, политичките и општествените достигнувања на жените. Но ние во „Пиколини“, секоја година го празнуваме овој празник на најразличен начин. Оваа година решивме нашите дечиња да им го честитаат овој празник на своите мајки со цртежи кои тие ги нацртаа како подарок за нив, а ние се погриживме да ги исконтактираме преку скајп и да ги изненадиме со оваа видео честитка – вели Марина Сивакова Тасков, еден од сопствениците на Интернационалната градинка „Пиколини“.
Воедно, со оваа акција Интернационалната градинка „Пиколини“ им го честиташе празникот 8 Март на сите жени во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)