| четврток, 6 декември 2018 |

Ѝ предложил 365 пати брак без таа да знае (видео)

zaljuben-romantichar-predlozhil-660x300

Едногодишниот предлог за брак на Дин Смит освои илјадници срца. Вљубениот романтичар пред повеќе од една година сфатил дека Џенифер е совршената животна сопатничка за него, па оттогаш почнал да го снима идеалниот предлог за брак.

Инспириран од фактот што Џенифер обожава одбројувања, тој се снимал себеси со бела табла на која секој ден го пишувал судбоносното прашање.

Само сакав да ти покажам колку многу те сакам, колку си неверојатно паметна, забавна, грижлива и зашеметувачки убава. За мене, ти си совршена – вели Смит во видеото.

Џенифер го добива видеото како роденденско изненадување. За време на роденденското патување на Аруба, нејзиното семејство ја упатува кон прекрасна плажа, каде што таа првпат го гледа видеото. На крајот, Смит се појавува на плажата и за првпат лично ѝ го поставува големото прашање. Џенифер низ солзи вели „да“.

Извор: Попара

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top