Во четвртиот натпревар по ред екипата на Рома не успеа да победи на гостински терен против Кијево и забележа уште едно реми без голови.
По нерешените средби со Јувентус, Верона и Парма, Римската волчица се чини полека го губи чекорот со водечкиот Јувентус за освојување на Скудетото оваа година.
Рома беше анемична во текот на целиот натпревар, иако важеше за благ фаворит пред овој дуел. Единствената стопроцентна шанса ја имаше Жервињо во финишот од првиот дел, но неговиот удар по фантастичниот продор низ одбраната на Кијево заврши неколку сантиметри покрај голот.
За одбележување во овој дуел е тешката повреда на младиот фудбалер на домашната екипа, Федерико Матиело кој доби скршеница на ногата по еден дуел со Раџа Најголан по што мораше биде изнесе на носила надвор од теренот уште во 19 минута.
Во оснатите денешни натпревари само екипата на Удинезе успеа да совои три бода победувајќи го Торино со 3-2.
Резултати: Серија А, 26. КОЛО:
Чезена – Палермо 0-0, Кјево – Рома 0-0, Емполи – Џенова 1-1, Парма – Аталанта 0-0, Удинезе – Торино 3-2, Наполи – Интер (20,45ч).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)