| четврток, 6 декември 2018 |

Исламот и феминизмот не се спротивставени

hijab1

Очекувајќи дека концептите како феминизмот, правата на жената и рамноправноста на половите ќе бидат дочекани со скепса, како прозападни и неисламски, и самата Риналдо мораше набрзо да ги отфрли своите стереотипни судови како целосно неисправни. Водејќи разговори со жени кои страствено зборуваат за важноста на репродуктивните права, вклучувајќи го и пристапот на контрацепцијата и на таблетата за ден потоа, дојде до заклучокот дека исламот и феминизмот не се спротивставени.

Истражувајќи го женскиот активизам во време на процутот на демократијата, во доцните 90-ти години, Риналдо во најбројната муслиманска земја волонтираше речиси две години, меѓу 2002 и 2008, ставајќи го фокусот на работата на четири организации: Солидаритас Перемпуан, која се залага за правата на жените кои работат во странство, Рахиме која се фокусира на едукација за женските права во исламот, Фатајат која пружа многу програми за жени, како и Напредната исламска партија за права ПКС, која бара посилна улога на исламот во државата.

Паралелно со јакнењето на демократијата, исламот во Индонезија почна да зазема многу поважно место во јавниот живот. Поради разочарување од политиката на Западот како и зголемената ксенофобија по 11 септември, т.н. исламски бран поприми поконзервативен карактер. Иако Индонезија има историја на женската мобилизација, а жените секогаш биле економски активни во поголемиот дел на земјата, правата и феминизмот се повеќе биле означени како западни е американски.

Многу жени, на пример тие во ПКС, ги отфрлија идеите за феминизмот како неисламски. Но, во три преостанати организации значаен беше бројот на побожните муслиманки кои се залагаа за рамноправност и права на жените, иако одбиваа да ја користат придавката феминистички во описот на својата дејност. Тие биле инспирирани од широкиот спектар на идеи, па и од муслимански текстови и традицијата. Дури, посебен акцент е ставен на религиската интерпретација.

Активистките за човекови права и останатите прогресивни струи тврдат дека Куранот треба да се толкува во историски контекст. Освен што, според нивно мислење, се можни разни толкувања на текстовите, треба да се земе предвид реформистичкиот дух на Куранот и значењето на текстовите да се усогласи со потребите на сегашноста. На пример, полигамијата, која конзервативните струи ја поддржуваат бидејќи е дозволена во Куранот, тие прогресивните ја отфрлуваат бидејќи не е во согласност со женските права и поради тоа го крши егалитаритистичкиот дух на исламот.

Иако остваруваат мал број на законски победи, припадничките на Фатајат и Рахима победите ги остваруваат на друг начин. Се печатеа егалитаристички интерпретации на исламот, со цел на јавноста да се докаже дека исламот и женските права се компатибилни. Меѓутоа, не само тоа. Фатајат во земјата спроведува т.н. полови курсеви на кои се објаснува поимот пол и се зборува за исламот како за религија која дава важно место на жените во јавниот живот и ги поттикнува на образование и работа. Се расправа за сите проблематични прашања, меѓу другите и за штетноста на женското обрежување кое исламот не го дозволува.

Жените од Индонезија се уште се соочуваат со многу предизвици, но, да се наоѓа во исламот упориште за спроведување на женските права е клучен аспект за охрабрување на жените во општеството во кое религијата претставува важен дел од секојдневниот живот и политиката.

Имено, овој тип на активизам е дел од растечкото меѓународно муслиманско феминистичко движење. Иако борбата за женските права во муслиманските општества одамна е присутна, ова движење ја потенцира компатибилноста меѓу исламот и феминизмот.

Многу од клучните фигури во ова глобално движење се научнички-активистки со одлично познавање на исламската теологија. Движењето Мусавах, кое се фокусира на реформи на семејните закони во муслиманските земји, е важен претставник на таквиот активизам, како што е и ВИСЕ, здружение кое заговара права на муслиманките, малезиската група Систерс ин Ислам како и британската организација Маслаха.

Па сепак, муслиманскиот феминизам најсилно упориште има во Индонезија. Не е ни чудно, ако се земе предвид долготрајната присутност на жените на пазарот на трудот, демократијата и прифаќањето на повеќекратни интерпретации на исламот. На тоа придонесува и голем број на теолошки потковани Индонежанки чиј кредибилитет како научнички и толкувачи на верата, расте.

– Во Индонезија, велиме дека сме феминистки. Се бориме за женските права, но сеуште сме муслиманки – изјави Лили Закија Мунир, една од нај истакнатите муслимански феминистки.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top