| четврток, 6 декември 2018 |

Американски сенатор обвинет за корупција

Американскиот сенатор од Демократската партија, Роберт Менендез се соочува со официјално обвинување за корупција, откако Министерството за правда му издаде налог на Обвинителството да покрене процедура против осомничениот политичар.

Медиумите во САД пишуваат дека Менендез се товари дека ја користел својата функција за „промовирање на интересите на богат донатор“ за Демократската партија, за што добивал подароци.

Телевизиската мреже Си-Ен-Ен открива дека пријателот и донатор од Домениканската Република, Соломон Мелген во 2010 година му платил на Менендез патување и престој во оваа карибска држава.

Во изминатите две години американскиот сенатор беше испрашуван за неговите врски со Мелген, кога во американската јавност се појавија сомневања дека му платил на Менендез за однос со проститутка-тинејџерка.

Сенаторот ги отфрла ваквите обвинувања и тврди дека со Мелген се познава повеќе од 20 години и за него зборува како за семеен пријател.

– Не се повлекувам и никаде не си одам, изјави сенаторот на прес-конференција во Њу Џерси.

Тој инсистира дека не сторил ништо противзаконско, како и дека работи и се однесува според прописите.

Роберт Менендез е еден од најугледните американски политичари од редовите на Хиспано-американската етничка заедница во САД. Тој е остар противник на политиката на претседателот Барак Обама за нормализација на односите со Куба, како и за преговорите кои се водат со Техеран околу спорната иранска нуклеарна програма.

– See more at: http://a1on.mk/wordpress/archives/460903#sthash.Vlk43yxu.dpuf

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top