Иако бил свесен дека и неговата партија и кандидатот за претседател Стево Пендаровски, немаат големи шанси за победа, Зоран Заев упорно обвинува за наводни изборни нерегуларности.
Самата анкета која ја изготвил токму поранешниот генерален секретар на СДСМ и министер за правда во владата на Црвенковски, Ѓорѓе Иванов уживал огромна поддршка меѓу граѓаните изразена со 61% наспроти неговиот противкандидат од СДСМ Стево Пендаровски за кој позитивно мислење имаат двојно помалку граѓани или нешто над 33%.
Оваа анкета која лидерот на СДСМ ја криел од сопартијците, покажува дека победата на претседателот Иванов на изборите е чиста. Дополнително потврда за ова е и фактот дека резултатите од испитувањето на јавното мислење комплетно се поклопуваат со оние кои ги потврди Државната изборна комисија по вториот круг од изборите на 27 април минатата година.
По ова се отфрлуваат сите тврдења на Заев дека претседателската победа на нивниот кандидат Пендаровски била украдена, а дотолку повеќе станува јасно дека лидерот на СДСМ ги знаел резултатите од изборите уште пред тие да завршат и дека свесно ја лажел и својата партија, но и целата јавност дека изборите биле фалсификувани. Заев не ги призна резултатите кои ги знаел уште пред граѓаните да излезат на гласање. Лидерот на СДСМ многу добро знаел дека неговата партија и кандидатот за претседател Пендаровски немаат доверба од граѓаните и дека ќе ги загубат изборите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.