Во првиот натпревар од полуфиналето на Купот на Италија, Фјорентина го изненади фаворитот Јувентус победувајќи го Торино со 2-1.
Јунак на „виолетовите“ од Фиренца е зимското засилување Мохамед Салах, кој ги постигна двата гола во 11. и во 56. минута.
Тој беше нерешлива енигма за одбраната на „старата дама“ поради брзината.
Посебно фантастичен погодок беше првиот гол кога Салах претрча речиси 70 метри со топка и постгина велемајсторски гол.
Единствениот погодок за Јувентус беше дело на Фернандо Љоренте во 24. минута израмнувајќи на 1-1.
Со двата гола Салах докажа дека е вистинска замена за Квадрадо, кој замина во Челси во јануари.
Juventus vs Fiorentina 1-2 All Goals and… by football_for_all
Реваншот во Фиренца е закажан за 7 април.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)