Во текот на вчерашниот ден во чајџилница во скопското село Долно Свиларе расправија завршила со пукотници и со едно повредено лице. Се работи за 30-годишниот Г.К. кој се здобил со повреди во пределот на главата.
Во чајџилницата Г.К. се сретнал со Х.М.(29), кој таму дошол со уште неколку лица. По кажување на Г.К. ,додека седеле на маса настанала вербална расправија меѓу повредениот од една страна и Х.М. и останатите лица, од друга страна, по што некој од напаѓачите извадил пиштол и испукал неколку куршуми и потоа наведените лица го напуштиле местото на настанот.
Г.К. бил пренесен во градската болница „8 Септември“ во Скопје, по што лекарот го пријавил настанот во полиција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.