| четврток, 6 декември 2018 |

Почина убавицата што ја обележи кубанската историја

580800_profimedia0018835708_ff

Наталија Ревуелта, Кубанката што му роди ќерка на поранешниот претседател Фидел Катро, почина во Хавана на 89 години.

580799_profimedia0018835702_ff

Кастро се вљубил во неа во 1952 година, а подоцна во нејзината куќа се организирале состаноци на кои се ковале планови за револуција. Наталија, за да го поддржи, го продала сиот накит и ја испразнила својата банкарска сметка. Долго време биле во врска, имале и дете, ама никогаш не се венчале.

Кубанката со зелени очи вежела за една од најубавите жени во својата земја и имала значајна улога во општествениот живот на Хавана. Кога ја почнала аферата со Кастро, била во брак со 20 години постар хирург.

580802_profimedia0018835716_ff

Кастро својата ќерка Алина ја признал дури кога таа наполнила 12 години. Таа во 1993 година ја напуштила Куба пресоблечена во шпанска туристка и заминала во САД.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top