| четврток, 6 декември 2018 |

Германија зела 360 милиони евра од грчки камати

germaniq-e-vzela-360-mln-evro-ot-grycki-lihvi-289427

Германија од камати за заеми дадени за јакнење на грчката економија има земено 360 милиони евра, пренесе „Интерфакс“. Овој износ е земен за периодот од 2010 до 2014 година.

Во следните години Владата во Берлин, раководена од Ангела Меркел, очекува приходите во федералниот буџет да бидат значително помали.

Според процените на медиумите во западноевропската држава, во германската каса може да влегуваат околу 20 милиони евра годишно.

Германскиот министер за надворешни работи, Франк Валтер Штајнмаер, пред еден локален весник изјави дека Берлин сака Атина да остане во еврозоната, не само од економски причини.

За Европската унија би било голем удар ако не успее да ѝ помогне на земја во криза да излезе од тешкотиите, рече тој. Дипломатот додаде дека меѓународните партнери на Грција, се подготвени да ги сослушаат предлозите на новата влада на Алексис Ципрас.

– Ги разбирам барањата на Атина за социјални реформи. Во исто време треба да ја нагласам потребата од спроведување на економски реформи – истакна Штајнмаер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top