| четврток, 6 декември 2018 |

Таткото на убиениот тинејџер во Војводина подготвува одмазда: сам ќе им пресудам на убијците

Ако убијците на мојот Ервин ги најдам пред полицијата, ќе им пресудам со сопствени раце, а потоа и на себе. Тоа им го кажав на инспекторите. Се сомневам дека го убиле членови на едно проблематично семејство од Бачко Петрово Село кои се занимиваат со криминал. Можеби и грешам, но тоа ми го кажува родителскиот инстинкт, изјавил 36 годишниот Иштван Лакатош чиј 17 годишен син Ервин Билицки во неделата беше пронајден мртов на периферијата на градот Бечеј во Војводина.

Родителите скршени од тага рекле дека момчето било изобличено од повреди.

– Во јуни требаше да наполни 18 години. Наместо да го жениме за некоја година, сега го погребуваме. Штом го направам тоа, тргнувам во акција. Ќе ги најдам убијците пред полицијата, се заканил таткото.
Иштван тврди дека син му бил претепан и пред две години кога добил потрес на мозокот за што имало и сведоци но никој не одговарал за нападот.
Јавноста во Бечај е згрозена од ужасното убиство на тинејџерот кое предизвика и меѓуетнички тензии затоа што дел од унгарските медиуми во Војводина пишувале дека момчето е убиено само затоа што е Унгарец.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top