Холандскиот голман во Њукасл, Тим Крул направи голем кикс што го чинеше неговиот тим пораз од Манчестер јунајтед во 28. коло од Премиерлигата на Англија. Крул беше виновник за единствениот погодок со кој Манчестер јунајтед ги однесе бодовите, а „ќар“ испадна и Ешли Јанг, стрелецот на голот.
Крул по грешка му ја додаде топката на Јанг во самиот финиш на мечот, во 89. минута, а крилото на Јунајтед лесно погоди на празна мрежа. Во останатите мечеви славеа фаворитите Манчестер сити против Лестер со 2-0, Челси против Ветс Хем со 1-0, Арсенал со КПР со 2-1, Тотенхем против Свонси со 3-2, Ливерпул со Барнли со 2-0, а Стоук го сопре Евертон со триумф од 2-0.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)



