Владимир Талевски, актуелниот градоначалник на Битола и кандидат на владејачката коалиција предовдена од ВМРО ДПМНЕ ја најави изградбата на филамскиот град во Битола.
– Се наоѓаме во просторот на старата касарна, која што со децентрализацијата се префрли на општина Битола – и објектите и целото државно земјиште. Иако изгледа дека сме во старата чаршија во Битола, всушност ова е филмското студио – филмскиот град. Овде се снимаат повеќе делови од телевизиски серии, филмови. Последното нешто што се реализираше беа неколку епизоди од „Тврдокорни“ култниот серијал на МТВ – рече тој.

Талевски најави дека во касарната има повеќе локации на кои е предвидено да се гради филмски град кој што ќе се шири во тој дел од касарната.
– Она што е најважно се аргументите кои ги даваме за инвеститорите. Со ДУП кој што е на површина од 103 хектари, всушност тоа се 3 детални планови кои предвидуваат повеќе содржини. Најголемиот дел од нив се однесуваат на индивидуално домување, високоградби, трговски центри, хотели, градинки, училишта – населба која ќе претставува урбанизирање и осовременување во интерес на животот на нашите граѓани, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


