Нови ѕверства на џихадистите го шокираат светот. Млад човек е фрлен пред разјарена толпа од врв на висококатница обвинет за хомосексуалност. Ѕверството е извршено во градот Рака, кој е под окупација на ИСИС. Фотографиите од моментот на егзекуција ги објавила активистка која е дел од анонимните известувачи од градот кои работат под постојана опасност да бидат откриени. Од нивните фотографии се разоткриваат сите злосторства кои ги вршат џихадистите зад границите на таканаречената држава.
Ова не е прв пат маж да биде фрлен од висококатница заради хомосексуалност. Џихадистите секојдневно сеат случни ужаси низ зафатената територија во Сирија и во Ирак, со наводно спроведување на деловите од светата книга кои ом одат во прилог на нивните цели.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.