Франција ја крши Европската социјална повелба на Советот на Европа, бидејќи нејзиното законодавство на незадоволен и јасен начин не го забранува телесното казнување на децата, пресуди овај орган на Советот на Европа, пренесува дописникот на МИА од Париз.
Француското право „не предвидуват доволно јасна и прецизна забрана на телесните казнувања“, ниту во законите, ниту во судската практика, оцени Европскиот комитет за социјални права, кој изрази жалење дека „постојат несигурности“ околу постоењето на „правото на казнување“, кое го признавало француското судство.
Оваа недореченост во законите и судската практика, претставува „кршење“ на Европската социјална повелба според експертите на Европскиот комитет за социјални права, кои се своевидни чувари на овој обврзувачки договор на земјите членки на Советот на Европа, кои ја имаат ратификувано истата.
Комитетот има донесено и во минатото одлуки во оваа насока против Франција, на три пати, но овој пат за прв пат одлуката дека Франција ја крши повелбата е донесена по жалба на една невладина органзиација со седиште во Лондон, Аппроач, која се пожали на француските закони и права.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.