| четврток, 6 декември 2018 |

Седуммина Албанци обвинети за тероризам во Косово

Седум косовски Албанци беа обвинети од локалното обвинителство за тероризам поради нивите планови да се приклучат кон групата Исламска држава во Сирија или поради врбувањето џихадисти.

Петмина од седумте обвинети планирале да заминат за Сирија, каде што требало да се приклучат кон група Албанци, кои се борат на страната на ИД, се наведува во соопштенето на косовското обвинителство.

Другите двајца осомничени, од кои едниот е имам, се обвинети дека поттикнувале други лица да учествуваат во терористички активности, се додава во соопштението.

Во август и септември минатата година косовската полиција уапси 55 лица, осомничени дека се приклучиле кон џихадистите во Сирија или за пропаганден радикален ислам и собирање доброволци за џихад во Сирија и во Ирак.

Според податоци на косовското Министерство за внатрешни работи околу 300 граѓани на Косово биле или уште се во редовите на џихадистите во Сирија и во Ирак.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top