| четврток, 6 декември 2018 |

Анкета на „Република“: Нека даде Заев програма, па нека фрла бомби (видео)

Она што го покажува Зоран Заев не е за верување, сметаат Македонците. Во анкетата што ја направи „Република“, прашувајќи ги случајните минувачи во центарот на Скопје дали му  веруваат на Зоран Заев, поголемиот дел велат дека она што лидерот на опозицијата го прави не е демократски.
– Заев не може да смени ништо, ВМРО покачи пензии и социјална помош – вели еден од минувачите.
Друг, пак, запрашува зар Груевски ќе се слуша сам себе. Заев е брука, коментираат анкетираните. Некои, пак, сметаат дека судските институции треба да оценат што е вистина.
– Гласачите ги избраа да решаваат во Собрание, а не вон Собрание. Каква е оваа демократија Нека даде Заев програма, па нека фрла бомби – се дел од одговорите што ги добивме.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top