Мајкл Џордан, официјално е еден од 1829 луѓе во светот кои поседуваат богатство од 1 милијарда долари.Најдобриот кошаркар на сите времиња се наоѓа на 1741. место во светот. Џордан го завзема и 513. место меѓу најбогатите во САД. Суштински дел од богатството на Џордан, кој изнесува точно 1 милијарда долари е од неговиот договор со „Најк“, кој му носи по 90 милиони долари годишно.
Половина од богатството на Џордан (500 милионидолари), сепак е од сопственоста на Шарлот Хорнетс. Екипата на 52 годишниот Џордан, денес се проценува на 725 милиони долари или 300 милиони долари повеќе во однос на една година претходно. Ѕвездата го купува Хорнетс за 275 милиони долари во 2010 година.
Просечната цена на тимовите од НБА, минатата година забележа рекордно зголемување, од 634 милиони долари на 1,1 милијарди долари. Ова се должи најмногу на трансакцијата, остварена од Стив Балмер, кој го купи Лос Анџелес Клиперс, за 2 милијарди долари.
Поранешниот тенисер, а сега инвеститор во недвижности Јон Цирјак и Џордан се единствените поранешни спортисти, чие богатство надминува 1 милијарда долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.