Поранешниот тренер на Валенсија и на Интер Хектор Купер во следниот период ќе работи како селектор на египетската фудбалска репрезентација.
Фудбалскиот сојуз на оваа држава официјално соопшти дека го ангажирала искусниот стратег на клупата по неколкуте неуспеси на големите натпреварувања.
Египет нема постојан селектор од 2013 година, кога Американецот Боб Бредли го напушти тоа место по неуспехот во квалификациите за светското првенство во Бразил.
Досегашниот в.д. селектор Шавки Гариб беше сменет од функцијата со намера на тоа место да биде доведен Купер, кој ќе се обиде да ја квалификува репрезентацијата на Египет за следното светско во Русија.
Оваа држава нема настап на Купот на африканските нации на последните три натпреварувања, иако е седумкратен освојувач на ова натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


