| четврток, 6 декември 2018 |

Дваесет лица загинаа во автобуска несреќа во Кина

Дваесет лица загинаа, а 13 се повредени во тешка автобуска несреќа во централниот дел на Кина.

Автобусот, кој превезувал локален оперски ансамбл, излетал од патот и паднал во длабок амбис.

Несреќата се случила во близина на градот Анјан во провинцијата Ханан, а причините сè уште се истражуваат.

Автобуска несреќа денеска се случи и во Тајланд, во која загинаа шест лица, а 33 се повредени. Според локалната полиција, возачот на автобусот ја загубил контролата над возилото, во кое се наоѓале 50 патници, и удрил во електричен столб. Во автобусот се наоѓале административни службеници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top