| четврток, 6 декември 2018 |

Поради птичји грип, во Унгарија уништени над 100.000 патки

patki

Повеќе од 100.000 патки се уништени во една живинарска фарма во Фузешѓармат, во источниот дел на Унгарија, каде минатата недела бил идентификуван тип на птичји грип, кој наводно е опасен за луѓето.

Главниот ветеринар на Унгарија, Лајош Богнар потврди дека „цел контигент на патки“ во фармата е елиминиран и оти не се пронајдени други случаи на инфекција во регионот, како и дека е воведена 30-дневна забрана за испорака на живина од овој реон.

– Патките се уништени бидејќи вирусот на птичји грип Х5Н8, кој е откриен во Фузешѓармат би можел да биде опасен за луѓето – предупреди Богнар.

Според него, оваа фарма ќе добие државна отштета по завршување на правната процедура.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top