Рајко Дујмиќ можеби ги проживува најтешките денови во својата кариера. Познатиот композитор неодамна беше исфрлен од попларниот бенд „Нови фосили“, а нов удар за неговите нерви може да дојде откако членовите на групата решија да го сменат името во „Фосили“. Право на „Нови фосили“ има само Дујмиќ, објавуваат хрватските медиуми.
Целата оваа ситуација го погодила Дујмиќ, дури му влијаела и на здравјето.
– Никогаш не сум бил безпомошен за да не можам да го организирам својот живот. Секој од нас има право на младост и на експерименти, но тоа не значи дека треба да биде одбележан за цел живот. Моето здравје е многу нарушено и не се чувстувам добро – изјави Дујмиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.