| четврток, 6 декември 2018 |

Косовската влада подготвува документи за Специјалниот суд

Косовскиот премиер Иса Мустафа денеска изјави дека властите во Приштина работа на документација која отвора пат за формирање на Специјален суд, пишува МИА.

Судот ќе се занимава со злосторствата на Ослободителната војска на Косово и наводите од извештајот на известувачот на Советот на Европа, Дик Марти за убиствата и трговијата со органи од киднапираните Срби за време на војната во Косово.

– Екипа на експерти од косовските институции работи со Европската унија за усогласување на одредбите на законот за Специјален суд, статутот на судот како и измени на косовскиот Устав, кои треба да бидат донесени за да бидат донесени законот и статутот, истакна Мустафа во интервју за порталот „Газетаекспрес“.

Тој посочи дека Парламентот ќе ги разгледа и усвои документите во текот на март и април.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top