| четврток, 6 декември 2018 |

Косовската Влада даде зелено светло за спогодбата за демаркација со Црна Гора

Владата на Косово денеска даде зелено светло на спогодбата за демаркација на границата со Црна Гора, за која претходно дадоа согласност претседателите на Косово, Хашим Тачи, и на Црна Гора, Филип Вујановиќ. Премиерот Рамуш Харадинај на седницата на Владата рече дека оваа е мошне добар резултат на сите во Косово.

„На овој начин се почитува територијата на Косово и утре Парламантот треба да биде едногласен во усвојувањето на спогодбата за демаркација. Косово покажува дека проблемите ги надминува институционално, а решавањето на сите проблеми ги решава на маса почитувајки го народот“, изјави Харадинај и додаде дека Косово има институционална согласност за демаркацијата.

Лидерот на „Самоопределување“, Албин Курти, денеска изјави дека неговото политичко движење во Собранието нема да гласа за демаркацијата на границата со Црна Гора, бидејќи како што рече Косово губи голема своја територија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top