Од денеска до 6 март навивачите на Вардар со сезонски билет ќе можат да купуваат билети за осминафиналниот дуел во Лигата на шампионите против Висла Плоцк. Со приложување на сезонаската картичка ќе може да се купи билет за истото место, што секој симпатизер на Вардар го имал на натпреварите од фазата по групи.
Билетите ќе чинат од 150 денари за стоење, до 1.200 денари за ВИП Премиеум, што е најскап билет за најдобрите позиции во салата „Јане Сандански“. Во продажба за мечот што е закажан за 21 март ќе има и билети од 400 и од 600 денари.
Првиот натпревар ќе се игра во Плоцк на 14 март.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



