| четврток, 6 декември 2018 |

Гол на Доријан Бабунски во англиски стил (видео)

Доријан Бабунски игра се подобро за јуниорскиот тим на Реал Мадрид и викендов беше стрелец на еден гол во победата на младите кралеви во градското дерби против Атлетико Мадрид. Во лигата за фудбалери до 19 години Реал Мадрид славеше со 4-1, а Бабунски беше стрелец на третиот гол за најтрофејниот клуб на планетата.

dorian-babunski

Голот што го постигна Бабунски беше во класичен англиски стил, со глава во дуел со еден од одбранбените играчи на Атлетико. Посебен шмек на триумфот на јуниорите на Реал му даде вторио погодок постигнат од половина терен со лоб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top