Американските авиокомпании откажаа повеќе од 1.600 лета од североисточните аеродроми во САД поради петтата снежна бура оваа зима.
Поради невремето, 5.000 лета доцнеа. Најпогодени се аеродромите во Њујорк и во Филаделфија.
Според синоптичарите, лошото време ќе се задржи до вторник. Во петокот и во саботата снег паѓаше и во јужните држави на САД. Поради снегот, во Далас беа откажани 1.500 лета.
Невремето во Тексас предизвика 40 сообраќајни несреќи, а во Мисури 30 автомобили учествуваа во верижен судир.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.