Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, објави дека се воспоставени визи за американските граѓани што сакаат да влезат во земјата. Имено, Американците сега ќе мора да чекаат виза доколку сакаат да влезат во Венецуела, а претседателот Мадуро рече дека се разгледува можноста да се намали бројот на службеници во амбасадата на САД во Каракас.
„За да ја заштитам својата земја одлучив да се воведат визи за сите граѓани на САД кои сакаат да влезат во Венецуела“, вели Мадуро, додавајќи дека и онака САД спроведува иста политика кон граѓаните на Венецуела.
„Приведовме неколку граѓани на САД кои се занимаваа со шпионажа во еден приморски град обидувајќи се да регрутираат наши граѓани’, рече Мадуро.
Венецуела воведе и забрани за влез во земјата за некои дипломати и поранешни функционери како Џорџ Буш и Дик Чејни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.