| четврток, 6 декември 2018 |

Варуфакис најави вонреден данок за богатите Грци

janis varufakisГрчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис не ја исклучи денеска можноста да биде усвоен „вонреден данок“ за оние кои можат да платат, за да бидат обезбедени балансирани буџети.

– Се ангажиравме да имаме балансирани буџети. Ако бидам принуден да наложам вонреден данок, ќе го направам тоа, но тој ќе биде за оние кои можат да го плаќаат. Нема да бараме пари од оние кои страдаат, изјави министерот.

– Се интересираме за оние кои располагаат со пари и никогаш не плаќале данок. Треба да се најде решение, за да бидат натерани да платат оние кои имаат пари, рече тој.

Варуфакис изрази желба европските партнери „да помогнат на Грција, преземајќи дејствија во сопствените компании, а не само да ни даваат лекции“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top