Грчкиот министер за финансии Јанис Варуфакис не ја исклучи денеска можноста да биде усвоен „вонреден данок“ за оние кои можат да платат, за да бидат обезбедени балансирани буџети.
– Се ангажиравме да имаме балансирани буџети. Ако бидам принуден да наложам вонреден данок, ќе го направам тоа, но тој ќе биде за оние кои можат да го плаќаат. Нема да бараме пари од оние кои страдаат, изјави министерот.
– Се интересираме за оние кои располагаат со пари и никогаш не плаќале данок. Треба да се најде решение, за да бидат натерани да платат оние кои имаат пари, рече тој.
Варуфакис изрази желба европските партнери „да помогнат на Грција, преземајќи дејствија во сопствените компании, а не само да ни даваат лекции“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Расистички скандал во Грција: Коментатор нарече црномурест играч „мајмун“
-
Заев: Прогресивниот данок ќе придонесе за праведно општество во Македонија
-
Нова демократија: Владата се наоѓа во распаѓање поради Договорот од Преспа
-
Воружен инцидент на границата со Грција: Војници на АРМ отвориле оган во обид да спречат поголема група мигранти да влезат на македонска територија!