| четврток, 6 декември 2018 |

Косово должи околу 600 милиони евра или 10 отсто од БДП

A man pulls a giant Kosovo flag draped over one side of the parliament in the capital PristinaВкупниот долг на Косово на крајот од минатата година изнесувал 582,87 милиони евра или 10 отсто од БДП.

Од вкупната сума, на име меѓународен долг се 326,35 милиони евра,додека на име внатрешен долг 256,52 милиони евра.

-Овој долг бил земан во име на централните владини инситуции, кои Република Косово е обврзана да го плаќа. Независно од тоа економските експерти оценуваат дека нивото на долгот не е толку високо,дури сметаат дека надлежните не биле способни да земат кредити, – консатираат приштинските медиуми.

Сепак косовските економски експерти сметаат дека вкупнот долг е симболичен и оти владата на Косово покажала дека е неспособна и дека треба да биде многу похрабра во земањето кредит.

Истиот став го делат Блерим Рамосај и Наим Гаши професори на Економскиот факултет на приштинскиот универзитет, и додаваат дека нивото на вкупниот долг не е високо и не ја доведува во опасност буџетската стабилност.

-Сепак независно од тоа, надлежните авторитети треба добро да анализираат пред да одлучат да земаат крдит. Сметам дека секој земен кредит треба да се троши единствено за капитални проекти,-вели Гаши.

Инаку,најголемиот процент од долгот продолжува да биде кон ЕБОР, во рамките на СБ,додека добар дел е долг кон ММФ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top