Металург го фати последниот воз од преодниот рок и ангажираше три нови ракометари пред продолжението на сезоната. Голманот Дамир Ефендиќ, десното крило Ѓорѓе Голубовиќ и пикерот Драган Вргоч се нови играчи на македонскиот шампион.
Ефендиќ доаѓа од редовите на босанскиот прволигаш Босна, а се договори со раководството да брани за Металург до јуни годинава. И Голубовиќ потпиша идентиќчен договор, а во Скопје пристигна од шпанскиот клуб Хихон. Од Финска каде настапуваше за Атлас во Металург дојде Вргоч, играч што ќе ја засили позицијата пикер, а и тој потпиша договор до крајот на оваа сезона.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.