Кога познатите личности ќе се појават во јавност, најчесто се максимално дотерани, што подразбира и квалитетна шминка. Нив главно ги шминкаат професионални шминкери, па затоа секогаш изгледаат беспрекорно. Но некои од нив изгледаат преубаво и без шминка. Овие ѕвезди блескаат и кога не се нашминкани!
1. Алесандра Амбросио (33) е дефинитивно горда на својот изглед. Оваа манекенка и мајка на две деца повеќе пати досега има објавено фотографии на Инстаграм на кои е без грам шминка, и за сите нив доби позитивни критики за сметка на својот изглед.
2. Ким Кардашијан (34), која секогаш изгледа стокмено, понекогаш излегува од дома и без шминка на лицето. И покрај тоа што ја следат папараците, таа не стравува дека ќе биде фатена во лошо издание бидејќи е сигурна во својот изглед.
3. Џенифер Лопез (45) изгледа како да е во 20-тите години од својот живот. За неа многумина имаат кажано дека, како старее, сè поубава е.
4. Џесика Алба (33) спаѓа во оние актерки за кои многумина би рекле дека изгледаат совршено. Тоа го потврдува и оваа нејзина фотографија објавена по утринското будење.
5. Жизел Бундшен (34) е најплатениот светски модел, па кога не е пред камерите, таа не сака да си го оптоварува лицето со шминка. А и не и е потребна, бидејќи и без неа изгледа еднакво убаво, нели?
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова никој не го очекуваше: Цеца без ронка шминка во преполн ресторан (ФОТО)
-
Никој не е совршен: Како познатите македонски пејачки би изгледале без шминка (фото)
-
Необични совети за разубавување: Пивото и дава сјај на косата, бебешката пудра суши акни…
-
Макрон за три месеци потрошил 26.000 евра за шминкање