| четврток, 6 декември 2018 |

Макрон за три месеци потрошил 26.000 евра за шминкање

Францускиот претседател Емануел Макрон потрошил 26.000 евра на своето разубавување, откако пред три месеци стапи на чело на државата, објави списанието „Пуан”. Личната шминкерка на Макрон на Елисејската палата и доставила две сметки од 10.000 и 16.000 евра, за шминкање на претседателот пред неговите патувања и средби со новинарите.

Сепак, податоците говорат дека тој и не е така „расипнички“ настроен… Само за споредба, неговиот претходник Франсоа Оланд квартално трошел 30.000 евра за шминка, а бруто платата на неговиот личен фризер пак, изнесувала 9.895 евра. Никола Саркози за фризура и шминка трошел нешто помалку од Макрон, околу 8.000 евра месечно. Советниците на Макрон по ова, соопштуваат дека тие суми ќе бидат значајно помали во иднина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top