| четврток, 6 декември 2018 |

Убавици без шминка (фото)

Кога познатите личности ќе се појават во јавност, најчесто се максимално дотерани, што подразбира и квалитетна шминка. Нив главно ги шминкаат професионални шминкери, па затоа секогаш изгледаат беспрекорно. Но некои од нив изгледаат преубаво и без шминка. Овие ѕвезди блескаат и кога не се нашминкани!

1. Алесандра Амбросио (33) е дефинитивно горда на својот изглед. Оваа манекенка и мајка на две деца повеќе пати досега има објавено фотографии на Инстаграм на кои е без грам шминка, и за сите нив доби позитивни критики за сметка на својот изглед.

Alesandra-Ambrosio-450x450

2. Ким Кардашијан (34), која секогаш изгледа стокмено, понекогаш излегува од дома и без шминка на лицето. И покрај тоа што ја следат папараците, таа не стравува дека ќе биде фатена во лошо издание бидејќи е сигурна во својот изглед.

Kim-Kardaijan-450x628

3. Џенифер Лопез (45) изгледа како да е во 20-тите години од својот живот. За неа многумина имаат кажано дека, како старее, сè поубава е.

Dzenifer-Lopez-450x450

4. Џесика Алба (33) спаѓа во оние актерки за кои многумина би рекле дека изгледаат совршено. Тоа го потврдува и оваа нејзина фотографија објавена по утринското будење.

Dzesika-Alba-450x600

5. Жизел Бундшен (34) е најплатениот светски модел, па кога не е пред камерите, таа не сака да си го оптоварува лицето со шминка. А и не и е потребна, бидејќи и без неа изгледа еднакво убаво, нели?

Zizel-Bundsen-450x450

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top