| четврток, 6 декември 2018 |

Куршумот во срцето, фатален за Немцов

Причина за смртта на Борис Немцов е големо внатрешно крварење. Од шесте куршуми истрелани во политичарот, четири го погодиле. Тој бил  погоден во  главата, срцето, црниот дроб и желудникот. Сите тие се истрелани од грб, од возило во движење.

немцов

 -Како резултат на погодокот на куршум во телото, оштетениот добил кршење на ребро, а куршумот е вовлекла во виталните органи и смртта настапила во текот на две минути.Првиот куршум е вовлекла во вратот и продолжил кон главата, вториот скршил две ребра, третиот се вовлекoл во срцето, четвртиот го прекршил црниот дроб и желудникот  – соопштува Life News.

Во моментов телото на политичарот е доставено во мртовечница во Москва, каде што е извршена обдукција, а наскоро уште попрецизно ќе биде одредена причината за смртта.Инаку Борис Немцов беше убиен синоќа во центарот на Москва на Големиот Москворецки мост. Според истрагата убиецот  пукал врз опозиционерот на Путин кога тој се шетал во друштво на украинката Ана Дурицкаја.

немцов3

Дурицкаја е  23-годишна  и познат модел од украинско потекло. Според нејзините сведочења, двајцата имале средба во централниот ГУМ, каде вечерале, а потоа се упатиле кон плоштадот “Василевски спуст”.

немцов4

 Распитот на украинката  продолжува, која е единствениот сведок на крвавиот атентат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top