Опасната карпа која се наоѓа над музејскиот комплекс Робевци и Лапидариумот во Охрид, конечно, ќе биде санирана, според најавите на директорката на Завод и Музеј, Тања Паскали Бунташеска. Неколку години сопствениците на куќите кои се поставени на самата карпа стравуваат дека може да дојде до лизгање на земјиштето и нов одрон, сличен на тој што се случи пред 5 години. Во секој момент очекуваме да се почне со санација на поторниот ѕид, вели Бунташеска.
– Еден од позначајните проекти кои ги предвидуваме оваа година да биде реализиран претставува потпорниот ѕид зад Куќата на Робевци за кој се изработени проекти, добиено е конзерваторско одобрение, во тек е постапката за добивање решение за градење од страна на Локалната самоуправа и во најскоро време да помини тендерската процедура и ќе почнеме со изведување на тој потпорен ѕид, многу е битен да се заштитат објектите коишто буквално висат на ѕидот и ние самите да си го заштитиме објектот – вели Тања Паскали- Бунташеска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.