| четврток, 6 декември 2018 |

Федерер експресно го врати Чориќ во реалноста

Роџер Федерер експресно за помалку од еден час го декласира надежниот хрватски тенсиер Борна Чориќ и се пласира во финалето на турнирот на АТП во Дубаи.

На швајцарскиот ас му беа потребни само 57 минути за да го елиминира тинејџерот, а тоа го стори на убедлив начин со победа од 6-2, 6-1. Во финалето противник ќе му биде подобриот од дуелот меѓу Новак Ѓоковиќ и Томаш Бердих.

federer

Чориќ е екстраталент и една од најголемите тениски надежи, има само 18 години и веќе приреди две сензации. Во четврт-финалето во два сета го надигра Енди Мареј, а пред една година во Базел го изненади и Рафаел Надал. Сепак, денеска доби тениска лекција од најтрофејниот играч во историјата на овој спорт, што добро ќе му дојде во натамошниот тек од кариерата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top