Сокол Митрески, актуелниот градоначалник на Ѓорче Петров, денеска, заедно со пензионерите, отвори нов клуб за дружење, каде што ќе можат да го минуваат слободното време. Претседателот на Здружение на пензионери од Ѓорче истакна дека ова е централен клуб каде што ќе се дружат сите пензионери.
– Здружени со добра соработка, резултатите нема да изостават, а резултатите зборуваат за она што сме го изодиле досега во однос на активностите на културно забавен, на спортски и рекреативен план – истакна Методија Новковски.
Градоначалникот Митровски воедно најави и наскоро отворање на летна резиденција за пензионерите.
– Покрај овој клуб, кој го имаме за дружење на пензионерите од општината, ќе направиме и летна резиденција во околината на клубот. Проектот е готов и со подобрување на временските услови овој простор, исто така, ќе биде уреден и адаптиран за потребите на пензионерите за да можат во летниот период да се дружат и своето слободно време да го поминат читајќи веснииц, играјќи шах и домино и сето тоа што нив ги интересира – истакна градоначалникот.
Митровски посочи дека и Центарот на култура, кој функционира во општината, целосно е отворен за нивните активности.
Претседателот на Сојузот на здруженијата на пензионерите, Драги Аргировски, додаде дека пензионерите со ова катче има каде да се дружат, да создаваат нови пријателства и да организираат акции.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.